Ловечко друштво “Елен“ од Кичево

 

Кичевскиот ловен реон важи за еден од најдобрите во нашата држава за крупен дивеч, особено за дива свиња. Во него постојат неколку ловечки друштва помеѓу кои најстаро и најбројно е ловечкото друштво “Елен“, чие седиште се наоѓа во градот Кичево.

Тоа е формирано кон средината на минатиот век во 1946 година во Кичево. Во тоа време занаетчиите и ловците, како на пр: Ширгоски Боро, Василко Јованоски, Димитрија Лаќо, Наќески Илија, Силјаноски Аце, Наумоски Фоне, Настески Лефче, Андоноски Лефче, Бајрамоски Осман и др., се собирале во кафеаната “Ориент“, од каде што потекнала иницијативата за формирање на едно здружение на ловците од овој крај. За прв претседател бил избран Трпески Никола кој бил угледен жител на Кичево занаетчија во еснафот Кичевски.

Од тој момент ловечкото друштво постојано се развива, за во 1999 да достигне бројка од околу 1.200 членови.

Во денешно време ловечкото друштво брои околу 350 членови. Тоа има постојано тројца вработени кои се грижат за редовно и навремено спроведување на предвидените одгледно-заштитни активности за дивечот, како и за тековното работење на друштвото. Во зависност од потребата, во одредени периоди во годината на нив им се придружуваат и волонтери – пријатели на ловечкото друштво, така што грижата за дивечот во ловиштата со кои стопанисува ова ловечко друштво е на едно високо ниво.

Lovci Kicevo

 

Ловечкото друштво поседува канцелариски простор во центарот на Кичево на ул. “Булевар Ослободување“ бр.8, каде воедно се наоѓа и седиштето на друштвото. Тоа поседува и една ловечка куќа од повисока категорија, која се наоѓа во ловиштето “Турла“, кое е едно од најомилените и најбогати ловишта со дива свиња во овој ловен реон.

Ловечкото друштво стопанисува со поголемиот број на ловиштата од Кичевскиот ловен реон и тоа со ловиштата: “Турла“, “Прострање“, “Кнежино“, “Добра Вода“, “Стрелци“ и “Цер“. Ловиштата “Стрелци“ и “Цер“ се ловишта за ситен дивеч, додека останатите 4 ловишта се за крупен дивеч.

Ловиштата со кои стопанисува ова ловечко друштво, како и останатите три ловишта од овој ловен реон, отсекогаш биле прочуени по богатството со дивеч, особено со дива свиња. Поради тоа одсекогаш ловците од кичевско биле познати како големи ловци на диви свињи, која традиција во денешно време ја продолжуваат новите генерации на ловци.

 

Elen Kicevo

Прихрана на дивечот

 

Lovecka kuka Kicevo

Ловечка куќа во ловиштето “Турла“

 

 

Lovci Kicevo

Ловци од ЛД “Елен“ со улов

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page