Ловечката пушка на Чаушеску продадена за 32.500 евра

 

Најдрагоценото огнено оружје на романскиот лидер Николае Чаушеску, ловечката пушка „Холанд и Холанд” е продадена на аукција во Букурешт за 32.500 евра.

Почетната цена била 12.000 евра, а крајната понуда на наддавањето дошла од онлајн клиент.

Пушката што му припаѓала и на романскиот крал Карол е направена 1933 година и е украсена со злато.

По укинувањето на монархијата на крајот на Втората светска војна, новата власт ја конфискувала кралската пушка. По неколку децении, таа му припаднала на Чаушеску, чие име и се наоѓа изгравирано на неа.

Чаушеску последен пат бил на лов во декември 1989., две недели пред тој и неговата сопруга Елена да бидат осудени на смрт (а потоа и погубени).

Официјално, нему му се припишуваат 400 ловечки трофеи, но многумина веруваат дека животните всушност биле убиени од неговите придружници и дека тој бил лош стрелец.

 

Извор: sitel.com.mk

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page