Ловџија зacтpeлал човек при лов на диви свињи

Како резултат на недоволно превземени мерки за заштита и безбедност при лов, за жал несреќи со трагични последици се почесто се случуваат во нашите ловишта. Последната во низата несреќи се случи при лов на диви свињи во скопско.

На 16.12.2021 околу 21.40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го лишиле од слобода Р.К.(64), поради сомнение дека сторил кривично дело „убиство” по член 123 од Кривичниот законик.

Во 21.30 часот во Полициското одделение Сарај тој пријавил дека во село Горна Матка, додека бил на лов и чекал диви свињи, застрелал човек, мислејќи дека е дивеч.

Во 21.40 часот на полициски службеници им го покажал местото и телото на починатото лице.

Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт и било утврдено дека починатиот е С.Ј.(46) од село Матка, скопско.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Ваквите несакани случки треба да се јасна порака до ловџиите да ги превземаат сите мерки за избегнување на несреќи при лов.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

You cannot copy content of this page