Лов на дива свиња

Пред почетокот на ловната сезона за дива свиња, на младите ловци би им сугерирале, а искусните постари ловци би ги потсетиле за одредени „правила“ кои важат за лов на нашата најраспространета крупна дивеч во нашите ловишта – дивата свиња.

За да се дојде во можност да се пукаме и застрела дива свиња, покрај биологијата на видот потребно е да се познава начинот на нејзиниот живот, односно навиките и однесувањето во одредени ситуации.

 

Најважно е да ја има во ловиштето

Еден од најважните услови за ловење на дивата свиња е да ја има во ловиштето и тука да да се задржиме за да може и да се лови. За да се задржи на одредено подрачје на ловиштето, теренот на подрачјето мора да биде погоден како местоживеење за дива свиња што подразбира: засолништа, храна, вода и мир.

За да се задржи дивата свиња на теренот каде ќе се лови, неопходно е да се изградат постојани хранилишта рамномерно распоредени на теренот на ловиштето, кој таа го населува со доволно храна во текот на годината, без разлика на достапната природна храна. Покрај храна за дивата свиња се неопходни и калишта на теренот на ловиштата, пред се на природните водетеци на површината на ловиштето.

 

Групен лов занајдобри резултати

За ловење на шумските терени најдобри резултати се постигнуваат во групен лов во погон, што е и законска обврска. Погонот треба да е добро испланиран од лицето кое го организира – ловник од што зависи и успехот во ловот, но погон не треба да се извршува повеќе пати на иста површина, туку да се оди на нова површина за да се избегнат постојани вознемирувања на дивечот.

 

Изборот на ловечко оружје најкомплексното прашање

Изборот на ловечко оружје, оптиката и муниција за ловење на дива свиња е можеби најкомплексното прашање бидејки изборот е индивудуален, при што секој ловец има свои фаворити. Сепак, при изборот на ловечко оружје и муниција за ловење на дивата свиња треба да се има во предвид на каков терен ќе се лови односно каква е конфигурацијата на теренот од кои елементи ќе зависи на кое растојание ќе се стрела на дивата свиња, како и и тоа со кои методи ќе се извршува ловењето.

 

Важно е да се биде тивок

Една од најважните работи при спроведување на ловот на дивата двиња, од ловците при ловењето, после извршен застрел и подоцна при извлекувањето и носењето на застреланата дива свиња, треба да се биде тивок, колку е тоа можно без непотребни довикувања како и расфрлање на разни отпадоци по теренот на ловиштето како кеси, флаши и друго со цел дивите свињи преку отпадоците да не го поврзат човекот со нивното вознемирување.

Ова се, основни правила по однос на начинот на животот, навиките и однесувањето на дивата свиња во одредени ситуации од кои зависи добар лов.

Кога при ловењето ќе се појави дивата свиња, вепар „како брдо“, срцето почнува убрзано да чука, страст и возбуда ценам оправдана, но за тоа во некоја следна прилика.

За крај на сите ловци успешна ловна сезона, ДОБАР ПОГЛЕД.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page