Куче се жртвувало за да спаси 10-годишното момче

Дека кучето е најголем пријател на човекот и без размислување би го жртвувало својот живот за да го спаси газдата, сведочи и неодамнешниот настан кој се случил во Русија каде куче му го спасило животот на својот 10-годишен сопственик.

Според странските медиуми, кучето од расата „Jack Russell“ умрело од повредите кои ги добило додека се борело со волк кој му се прикрадувал на 10-годишно момче. Момчено по име Јемелијан, си играло криенка со својата сестра во северот на Русија и не било свесно за опасноста на која било изложено.

Снимката го покажуваат моментот на нападот и се слуша квичење на кучето додека се бори со волкот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page