Криволов со примки честа појава на границата со Албанија

Стапици сајли или т.н. примки, се најсуров метод за мачење и смрт на животните. Тие се честа појава на граничниот појас помеѓу Р. Македонија и Р. Албанија, за што алармираат чуварите од националниот парк „Галичица“ и ловечките друштва кои се грижат за дивечот во пограничниот делови.

„Ова се стапици, сајли примки,најсуров метод за мачење на животни на граничен појас помеѓу Р. Македонија и Р. Албанија попрецизно од 3 до 4 километри длабоко на Македонска територија место викано Војтино, најболната точка на Националниот Парк „Галичица“, на својот ФБ профил напиша Ѓуро Јовчески која работи како ренџер од НП „Галичица“.

Krivolov so primki
Во продолжение на својата објава Јовчески пишува:
„Парк Галичица, да бидам попрецизен во 2004 година со препорака на Нато стандардите прекинаа да се обезбедуваат границите кои беа под ингеренции на АРМ и преминаа во ингеренции на МВР поточно на Гранична Полиција, се затворија караулите се створија идеални услови за шверц, криволов, дрвокрадство. 12 години сум постојано на горенаведеното место со полицајци од граничен премин Св Наум, за кој ќе кажам се најдобро за нивниот ангажман како и за нивните претпоставени.

Многу пати заеднички се фатени лица на лице место на дело во криволов во бесправна сеча на дрво, во шверц со дрога и друга забранета роба, но потенцирам на крајот сега ке објаснам што е поентата сиот доказен матријал оди во Основен Суд Охрид односно Основно Јавно Обвинителство, но веќе наредниот ден и покрај одредениот притвор лицата експресно се ослободуваат и се праќаат во шиприја како хероји иако со цврсти докази на лице место се фатени на дело во бесправни дејствија.

На кого му одговарат отворени граници да качаци пустошат шуми, пустошат животни и шверцаат дрога и ги трујат нашите деца, имам полна архива со доказен материјал за сиве 12 години од на лице место и ке ги објавувам постепено и за скоро пред основниот корумпиран суд охрид пред медиуми, бидејки го штитат криминалот поточно убијци, разбојници, дилери на дрога а судат некој за две векни леб.

Наскоро ке ги објавувам сите докази и записници од лице место како и кој биле ибвинители и судии во тие процеси, најуредно ве замолувам без политички коментари бидејќи постов нее од таа тема а и проблматикава е стара близу 15 години“, напиша на својот ФБ профил Јовчески.

 

Честа појава на границата со Р. Албанија

Primki stapici

Сепак ова не е појава само на територијата на НП „Галичица“, туку по цела граница со Р. Албанија. На ова се жалат и ловечките друштва од струшко, кои на планината Јабланица само во една контрола наоѓаат и по неколку десетици примки. Тие велат дека од соседна Р. Албанија преминуваат лица кои поставуваат примки и се повлекуваат во својата држава, за после одреден период да се врата да ги проверат стапиците и да го земат фатениот дивеч.

Од ловечките друштва велат дека на планината има толку многу примки, што и самите криволовци ги забораваат каде ги поставиле, па често пронаоѓаат умрени животни кои подолг период биле фатени во примките.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page