Како џипот стана најдобар пријател на возење во природа

 

Почетокот на производство на правите теренци може приближно да се смести во периодот на почетокот II Светска војна. Тогаш Американците во три различни фабрики произведувале “Jeep”. Така всушност се создало име на цела една класа возила. Малку е познато дека во 1938 година и СССР почнале производство на слично возило, прво е произведен моделот Gaz 61, за да го наследат Gaz 64 и Gaz 67.

Во однос на америчките Jeep – ови, Gaz- овците биле поспособни на терен, но за жал помалку доверливи, а и трошеле многу повеќе гориво, што во време на воена немаштија воопшто не било незначајно.

Прав џип во принцип подразбира поседување теренски пренос (редуктор) кој овозможува совладување големи успони и барем блокада на централниот диференцијал, ако не и предниот и задниот.

Денес во тоа се вбројуваат и многу возила кои го немаат тоа својство, а американците за сите такви возила смислиле кратенка SUV ( sport utillityvehicle).

Значи, од II Светска војна каде од голема корист се покажле лесните теренски возила. А посебно Jeep Willis, настана голема потреба за цивилна експлоатација, па настанала нова класа на возила наречена помеѓу народот “џип“, по угледот на Willis. Џиповите најдоа голема примена во разни непристапни краеви, од Сахара до највисоки планински врвови.

Набрзо, покрај Willis настанал Land Rover, а малку покасно им се придружила Toyota cо Land Cruiser, Mercedes cо G класата, русите сo UAZ-от, за таа класа 80-те и 90-те години да доживее процут кога настанале разни модели Suzuki, Isuzu, Lada Niva, Frontera иголем асортиманна моделите на Jeep – Land Rover Defender, Range Rover (првиот луксузен теренец), Mitsubishi Pajero, Nissan Patrol и многу други.

Ги карактеризирале како високи или ниски клиренси, 4wd погони со повеќе или помалку блокирачки или самоблокирачки диференцијали. Голем број од нив имале редукција на степенот на пренос, а некои заради тежината и погонот имале добра или лоша проодност, но сите, буквално сите имале лоши или во најдобар случај просечни патни карактеристики, слабо лежење на пат и лоша или просечна удобност.

За тоа е крива нивната конструкција, бидејќи за разлика од обичните автомобили, голем број старомодни теренци се изработувани на шасија како и камионите, а на таа шасија се пакувани кабина, мотор и суспензија. Таквата шасија им овозможувала одлични теренски перформанси и голема носивост. Друг и битен проблем кај нивната конструкција претставувал системот на суспензија на тркалата. Во кал и нерамен терен најбитно е сите тркала да бидат подеднакво притиснати на подлогата што е возможно само со крути осовини, така додека каменот едното тркало го турка нагоре, другото било сабивано во подлогата и имало добра тракција. Но тоа катастрофално се одразувало на удобноста во возењето каде возилото се клатело  на патот и се чувствувала секоја нерамнина.

Со појавата на “џип“ модата, се појавиле потреби за патни карактеристики на еден теренец. Фамилијарниот теренец  повеќе не служел за да се оди во што подлабока кал во шумата или по неразгазен снег на некоја планина каде никој не бил, ниту да влече тешка приколка со дрва. Тоа ново возило, всушност морало да биде робусен на патот, моќен пред кафулето, висок за паркирање на скали или кога ќе падне снег, брз и стабилен како и секој автомобил, простран и да има 4wd заради одење на скијање. Тоа го сватил, ако не се лажам BMV и направил модел X5 кој многу брзо стекнал голема популарност затоа што го погодил барањето на купувачот. Овој тренд го прател и Mercedes со моделот ML, кој денес е многу популарен.

Бил висок, моќен, мафијашки убав, имал 4wd, независна суспензија како и секој автомоби и заради тоа бил стабилен и удобен, и со соодветни гуми можел да се пробие на Копаоник, иако чистачите не биле баш ажурни.

Денес 90% од производителите во асортиманот имаат барем еден теренец. Неколкумина проиводители остана верна на традицијата и на своите модели го задржа стариот систем на суспензија, но со новата технологија се потрудиле да направат подобри патни карарактеристики. Тука се Jeep Grand Cherookee, Toyota Land Cruiser, Nissan Patrol и уште некои. Всушност вистинските ловци и возачи кои се на терен, многу добро знаат што е прав теренец. Современиот лов денес не може да се замисли без добри теренски возила.

 

Превземено од: часописот Ловац

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page