Јавен повик за давање на дивечот во 43 ловишта на концесија

 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави Јавен повик за давање на дивечот на користење по пат на концесија во ловните реони Скопје, Свети Николе, Кавадарци, Валандово, Гевгелија, Кочани, Виница, Делчево, Гостивар, Демир Хисар, Битола, Охрид, Ресен и Кичево.

Со овој Јавен повик се опфатени вкупно 43 ловишта од 14 ловни реони, од кои 4 ловишта се за крупен дивеч кои се даваат на 20 годишна концесија, а 39 за ситен дивеч кои се доделуваат на 10 годишна концесија. Но и покрај тоа што најголем од ловиштата се за ситен дивеч, во дел од нив ќе може да се ловат дива свиња и срна.

Најмногу ловишта 9 ќе се доделуваат во скопскиот ловен реон и во битолскиот ловен реон каде ќе се доделуваат 7 ловишта.

Концесиите на дивечот во ловиштата, предмет на овој јавен повик ќе се доделуваат за секое ловиште посебно. Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица како и сите странски правни лица кои имаат регистрирано подружница во РС Македонија согласно Законот за трговски друштва и кои подигнале тендерска документација.

Понудувачите задолжително треба да ја достават следнава документација за докажување на личните, професионалните и финансиските услови кои треба да се исполнат за учество на Јавниот повик:

  1. Тековна состојба издаден од Централниот регистар на РС Македонија
  2. Потврда за регистрирана дејност издаден од Централниот регистар на РС Македонија; (за вршење на дејност поврзана со предметот н договорот или општа клаузула)
  3. Информација за економско – финансиска состојба на субјектот издадена од Централниот регистар на РС Македонија;
  4. Уверение за платени даноци и придонеси издаден од Управа за Јавни приходи на РС Македонија; (се прифаќа документ со намена за концесија)
  5. Документ дека над правното лицето не се води постапка за стечај издаден од Централниот регистар на РС Македонија;
  6. Документ дека над правното лицето не се води постапка за ликвидација издаден од Централниот регистар на РС Македонија;
  7. Документ дека на правното лице не му е изречена казна за кривично дело: Информација за кривична судска одлука издадена од Централниот регистар на РС Македонија;
  8. Потврда дека на правното лице не е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност издадена од Централниот регистар на РС Македонија;
  9. Потврда дека на правното лице не е изречена прекршочна санкција привремена забрана за вршење на одделна дејност издадена од Централен регистар на РС Македонија;
  10. Изјава на понудувачот заверена на нотар дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари (АНЕКС 4);
  11. Изјава на понудувачот (АНЕКС 5) заверена на нотар дека :
  • ќе обезбеди материјално-технички можности за вршење на дејноста ловство, недвижен имот и движен имот (теренски возила, оружје за ловочуварска служба и средства за комуникација);
  • ќе изработи Програма за развојни можности на дивечот под заштита во ловиштето согласно со предвидувањата во Посебната ловностопанска основа за секое ловиште посебно;
  • ќе вработи најмалку едно стручно лице со завршено високо образование или со завршено средно образование од шумарска струка со положен испит по предметот ловство, односно зоологија и систематика на дивечот/ловно стопанство, и
  • ќе формира ловочуварска служба.

Само понудите од понудувачите кои се комплетни и валидни ќе бидат предмет на евалуација.

Рок за подигнување на тендерската документација и воедно доставување на понудите е најдоцна до 26.10.2022 година, до 10.00 часот.

 

Ловиштата за ситен дивеч поатрактивни

Со овој конкурс ќе се доделуваат повеќе атрактивни ловишта, како за спрортски лов, така и за ловен туризам. Праксата покажа дека во нашата држава ловиштата за ситен дивеч се порентабилни и со помали трошоци од ловиштата за крупен дивеч. Ова важи особено за ловиштата по течението на реката Вардар и некои ловишта во внатрешноста, каде се трасите на мигрирање на прелетниот дивеч, кој е доста атрактивен за странските ловни туристи.

Парадоксално, и покрај тоа што ловиштата за ситен дивеч се порентабилни, концесискиот надомест за нив е далеку помал од оние за крупен дивеч. Ова се должи на тоа што многу малку странски ловни туристи се заинтересирани за лов на дива свиња или срна, додека за лов на прелетен дивеч има огромна заинтересираност, а за тој дивеч не се плаќа концесисиски надомест. Покрај тоа во дел од ловиштата за крупен дивеч со добро менаџирање може да се лови и волк, кој исто така е атрактивен и има висока цена на пазарот за ловен туризам.

Од другите можности кои ги нудат ловиштата за ситен дивеч е т.н. „продавање мирис“, односно наплаќање надомест за тренинг на кучиња птичари. Некои концесионери имаат развиено одлична соработка со дресери на ловечки кучиња од регионот, кои ги користат нивните терени исклучиво за обука на ловечките кучиња.

За разлика од странските ловни туристи, мал број од домашните ловци се заинтересирани да ловат во ловиштата за ситен дивеч. Тие во ловиштата за ситен дивеч најчесто ловат див зајак, додека останатите видови ситен дивеч се помалку атрактивни за домашните ловци.

Домашните ловци повеќе преферираат лов во ловишта за крупен дивеч, најчесто на дива свиња поради месото и атрактивноста на габаритниот улов. Добра вест за домашите ловци кои преферираат лов на крупен довеч е тоа што во дел од ловиштата за ситен дивеч кои се предмет на овој јавен повик, ќе имаат можност да ловат и некои видови крупен дивеч, воглавном дива свиња.

 

Ловишта кои се предмет на овој Јавен повик

Предмет на овој јавен повик е давање на користење на дивечот со концесија во дел од ловиштата востановени со Одлуката за востановување на ловишта на територијата на РС Македонија, следните ловишта, со место и локација:

 

Реден

број

Ловиште

број

Име на ловиштето Период на концесија Намена на ловиште
1 2 3 4 5
Скопско-Кумановско ловностопанско подрачје

реон Скопје

1 5 „Мирковци” 10 ситен
2 6 „Црешево” 10 ситен
3 7 „Бунарџик” 10 ситен
4 8 „Миладиновци” 10 ситен
5 9 „Градманци” 10 ситен
6 12 „Зелениково” 10 ситен
7 15 „Рамниште” 10 ситен
8 16 „Жеден“ 10 ситен
9 17 „Кучково“ 10 ситен

Средно – Вардарско ловностопанско подрачје

реон Свети Николе

10 7 „Кишино“ 10 ситен
11 8 „Џумајлија“ 10 ситен
Долно -Вардарско ловностопанско подрачје
реон Кавадарци
12 6 „Дреново“ 10 ситен
13 7 „Росоман“ 10 ситен
14 8 „Марена“ 10 ситен
15 11 „Чемерско“ 10 ситен

реон Валандово

16 3 „Честово“ 10 ситен
17 4 „Пирава“ 10 ситен

реон Гевгелија

18 7 „Мрзенци“ 10 ситен
19 8 „Погана 10 ситен
20 9 „Стојаково“ 10 ситен
Брегалничко ловностопанско подрачје
реон Кочани
21 4 „Соколарци “ 10 ситен
реон Виница
22 3 „Драгобраште“ 10 ситен
23 4 „Виница“ 10 ситен
Влаинско – Малешевско ловностопанско подрачје
реон Делчево
24 7 „Тработивиште“ 10 ситен
Полошко ловностопанско подрачје
реон Гостивар
25 2 „ Симници“ 20 крупен
26 6 „Балин Дол“ 10 ситен
Пелагониско ловностопанско подрачје
реон Демир Хисар
27 1 „Базерник“ 20 крупен
28 2 „Лесково“ 20 крупен
29 3 „Журче“ 20 крупен
30 4 „Прибилци“ 10 ситен

реон Битола

31 5 „Старавина“ 10 ситен
32 6 „Ивени“ 10 ситен
33 7 „Добровени“ 10 ситен
34 8 „Врањевци“ 10 ситен
35 14 „Лознани“ 10 ситен
36 15 „Добрушево“ 10 ситен
37 17 „Мегленци“ 10 ситен

Охридско – Преспанско ловностопанско подрачје

реон Охрид

38 5 „Косел” 10 ситен
39 6 „Мешеишта” 10 ситен
40 7 „Белчишта” 10 ситен
реон Ресен
41 5 „Езерани” 10 ситен
Кичевско-Бродско ловностопанско подрачје
реон Кичево
42 9 „Цер” 10 ситен
43 8 „Стрелци” 10 ситен

 

Јавниот оглас може да го превземете од следниов линк – http://mzsv.gov.mk

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page