Избегнете ги проблемите на вашето куче со топлината

 

Кога започнува сезоната на лов за полските еребици и ловен фазан, жештините се уште постојат, а нашите верни кучиња работат без разлика на се.

 

За се да помине во најдобар ред, треба да се размислува за жештините.

Проблемите предизвикани од топлината може да се манифестираат на различни начини, па дури и како срцев или мозочен удар меѓу нив. За жал, сите тие се штетни за вашето куче. Со правилна превенција и правилно планирање на активностите со малку здрав разум, може да се спречат сите проблеми.

проблеми на кучето со топлинатаПрво, треба да се разбере дека температурата на воздухот не мора да биде висока за кучето да наиде на проблеми со топлината. Куче кое работи во трк (сетери, бретони), особено ако кучето е со прекумерна тежина, може да западне во сериозни проблеми на температура од 15 степени. Првото нешто што можеме да го направиме за кучето е да се погрижиме да биде во добра форма пред да пристигнат тешките денови за лов. Тоа значи дека на оние кучиња кои се претешки треба да им се помогне да ја намалат преголемата тежина, а да се погрижиме за кучињата со нормална тежина да вежбаат доволно. Кај сите раси, ако кучето ја има нормалната тежина, ребрата ќе им се почувствуваат на допир, а стомакот ќе биде повисок од висината на градите.

СЕКОГАШ без исклучок, треба да се носи вода за својот четириножен придружник.

Никогаш не треба да се потпирате на природните извори на вода бидејќи тие исчезнуваат кога ви се најпотребни. Носете вода во вашата торба при ловот, а во автомобилот имајте резервна за подоцна.

Боксовите за кучиња можат да бидат многу опасни ако ги ставите во автомобилот без да имаат проток на воздух.

Ако, сепак, вашето куче покажува знаци на прегревање за време на ловот, веднаш застанете и изладете го. Знаците на прегревање вклучуваат отежнато дишење, стаклени очи, грчење и лигавење. Кога ќе ги видите овие симптоми, оставете го кучето да легне, дајте му вода да пие и избањајте го да се олади. Ако тоа не помогне, немојте да ризикувате и однесете го кучето на ветеринар.

На крајот, користете здрав разум. Ако надвор е топло, ограничете го времето на лов. Да се лови 4 или 5 часа на 20 степени е опасно и не носи ништо позитивно. Кога е топло, со кучето ловете најмногу 2 часа, особено наутро додека е уште студено. Кучето ќе биде посреќно по ловот и двајцата ќе бидете способни да ловите веќе следниот ден!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page