Епањел бретон

 

Најмалиот од сите кучиња птичари епањел бретон е ловечко куче со краток опаш или без опаш. Складно граден со цврст но не премногу крупен скелет. Гледано во целина кучето е компактно и добро-оформено, без несоодветна или ноприкладна тежина, додека стои тоа е доволно елегантно.) Гледано во целина кучето е силно и доволно елегантно. Тоа е силно куче со жив (весел) и интелигентен поглед. Изгледа како мало “гратка градба“, полн со енергија која ја чува уште од својата еволуција, моделот “бревилинге“ е посакуван и втемелен (фиксиран) од страна на реформаторите на расата. Тоа е куче полно со енергија кое низ својата еволуција го има сочувано нискиот и склопчен модел кој бил посакуван од оние кои ја реформирале расата.

Епањел бретон

Epanjol breton

Земја на потекло: Франција

Употребливост: Птичар

FCI стандард: N° 95  / 05. 05. 2003

FCI класификација:

  • Група: 7 – птичари
    Секција: 1.2 – континентален птичар, тип Епањел
    Подсекција: 2 – Кучиња со средна големина
    Со работен испит

 

Кратка историја

Потеклото му е од Франција, поточно од областа Бретања. Во денешно време тоа е најмногубројната раса на птичари во Франција. Веројатно тоа е една од најстарите раси на од типот Епањел, која е подобрена до крајот на 20-иот век со разни вкрстувања и селекции. Првиот стандард за расата е изработен во Нант во 1907 година, а претставен и прифатен е за време на првото пленарно собрание на клубот во Лудеаку (бивш Северен брег) на 7-ми јуни во 1908 година. Тоа бил првиот стандард на “клубот епањел бретоњ со природна и кратка опашка“.

 

Однесување и карактер

Куче кое се вклопува во секоја социјална средина, интелигентно, внимателно и ментално урамнотежено. Повеќенаменско (поливалентно) куче птичар кое е наменето за секој дивеч и на секакви терени. Значајно е по тражењето, начинот на одење, сетилото за вид, пребарување, спостаноста и начинот на држење како и погодноста за дресура.

 

Движење

Различните начини на од, лесни и силни, правилни (уедначени) и живи (весели). Колковите му се движат во една линија без вертикални осцилации на телото и без нишање, грбот останува цврст. Галопот не е нјважен начин на од на терен. Чекорите се брзи амплитудата средна. Задните нозе при галоп не се исврлаат наназад.

 

Боја

Влакното му е портокалово-бело, црно бело, браон бело, со шари кои завземаат мерамномерни области. Можат да бидат со чисти бои пегави на носникот на усните и на колковите. Со еднакви огнени шари портокалови или темно портокалови на предниот дел од главата, на усните, околу очите, на колковите, по градите, на врв на опашката кај тробојните кучиња. Малата шара на челото е прифатлива кај сите бои. Еднобојното влакно не е прифатливо.

 

Висина

 

  • мажјаци:
    • минимална височина: 48 см со толеранција -1см,
    • максимална височина: 51 см со толеранција +1 см.
  • женки:
    • минимална височина: 47 см, со толеранција -1 см,
    • максимална височина: 50 см, со толеранција +1 см.

 

  • идеална височина:
    • мажјаци: 49-50 см,
    • женки: 48-49 см.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page