Експанзијата на популацијата на диви свињи се заканува да блокира многу ловечки друштва
Појавата на големиот број свињи, придружена со непропорционални штети на земјоделството, како и штети на природата и влијание врз другите видови фауна, е предизвикана од експлозија на репродуктивните параметри на популацијата на дивата свиња. Репродуктивната биологија на дивите свињи е условена од повеќе фактори, како што се порано созревање на полните органи и влијанието на факторите на околината врз нивната функционалност и зголемена репродукција. Парењето и прасењето се случуваат речиси во текот на целата година, што е особено важно кај прасињата и назимките на возраст од 6-12 месеци, кои имаат задоцнета репродукција во текот на летото и доведува до вториот бран на прасење од јуни до септември.
Влијанието на позитивните еко-фактори (климатските промени и зголемувањето на просечната температура) врз видот е поврзано со скратувањето на периодот помеѓу две парења, предизвикано од изобилството на храна во текот на летото. Експанзијата на популацијата во сите европски земји доведе до зголемување на застрелот, кое достигнува 600 илјади во Франција, близу 250 илјади во Чешка и 82 илјади во Бугарија.
Србија погодена од експанзијата на дивата свиња
Зголемување на бројот на свињи се забележува континуирано и во соседна Србија, каде исто така значително се зголемени и штетите во земјоделството, што особено може да има влијание врз рентабилноста на бизнисот на тамошните ловечки друштва. Поради големата посветеност на одреден број ловџии за лов на диви свињи, речиси е незабележително исчезнувањето на ситниот дивеч од истите терени кои крупниот дивеч го презел со нивното ширење.
Нерационалното стопанисување со популацијата на диви свињи со нарушен однос на половите во корист на женските единки и старосната структура со ¾ млади категории, предизвика експлозија на популацијата. Покрај тоа, несоодветниот начин на лов со постојано вознемирување од луѓе и предатори на големи површини, го поттикнува мигрирање на дивите свињи во полските ловишта.
Неисполнување на планските документи за лов, како и ниска пресметка на стапката на раст во нив (во просечни години секоја оплодена свиња одгледува во просек 5,5-6,5 свињи со тоа што во просек 30% од назимките се парат во првата година ), секоја година остава вишок диви животни во ловиштата и автоматски континуирано ја зголемува популацијата над нормалниот матичен фонд.
Сето тоа доведува до непланирани износи на штети врз разни површини и опасност од блокада на бизнисот на корисниците на ловиштето во соседна Србија.
Ловџиите треба да се грижат за балансот во природата
Ова треба сериозно да го имаат во предвид и нашите ловџии, бидејќи како што рекле старите: „ако игра мечка кај комшијата, ќе заигра и во нашиот двор.“ Мора ловечките друштва и ловџиите сериозно да ја сватат опасноста од прекумерно зголемување на популација од некој вид на дивеч. Секое нарушување на биолошката рамнотежа може да предизвика страшни последици.
Улогата на ловџиите и ловечките друштва е да одржуваат еколошки баланс во природата. Тие со своите постапки треба да настојуваат популациите на секој вид дивеч да е во рамките на оптимумот, кој една природна средина може да го поднесе.
Ако тоа не го прават ловџиите, природата сама ќе најде начин како да набрави рамнотежа, но во тој случај последиците по популациите на дивечот и по ловството би биле катастрофални. Природата тоа го прави со зголемување на предаторите на тој вид дивеч или појава на некоја болест по тој вид на дивеч.
Цо оглед на тоа што дивата свиња кај нас нема сериозни предатори, многу е поверојата појава на смртоностни болести кои би можеле да го сведат тој вид на дивеч до бројност која е под прагот на одржливост. Болестите би биле директна опасност и за останатите питоми и диви животни, но и за човекот, бидејќи од голем борој на болести по дивечот не е имун ниту човекот.