Дивечот и солта

Солта е од големо значење во прехраната на дивечот, бидејќи го регулира варењето на храната и ги зајакнува телото и отпорноста кон болести и цревни паразити. Недостигот од сол и минерали, може да предизвика губење на апетитот, тежината, квалитетот на крзното роговјето на дивечот, слаба репродуктивност и намалување на имунитетот кон болестите. Елените и срните поради недостиг од сол можат да почнат да ја лижат дури и солта што се фрла на патиштата во текот на зимата.

Недостигот од минерали и елементи во црниот дроб овозможува увид во тоа кои елементи би требало да ги има повеќе дивечот. Затоа денешните солишта, освен натриум хлорид, содржат магнезиум, цинк, бакар, јод, железо и селен.

Тие се неопходни за развој на здравите коски и ’рскавици што влијае врз оптималната големина на еленските и срндаковите роговје.

На таквата сол, освен минералите ѝ се додаваат и некои медикаменти, кои се наменети против внатрешни паразити.

Солиштата најдобро е да се стават на некој трупец, во шуплината и на гранките на стеблото, во пукнатина или вдлабнување на некоја карпа за дивокозата.

Постојат и голем број на дизајни за различни солишта, така што по избор може и да се направи вештачко солиште. Тие се воглавном едноставни за правење и ефтини, бидејќи се прават од даски или пластични цевки кои не се скапи. Ваквото солиште пожелно е да биде издигнато над почвата околу 1-1,5 метар во зависност од видот на дивеч за кое е наменето. Подножјето на солиштето мора да има радиус од најмалку 15 см.

Солиштето може да биде направено и со мешање на глина и на сол во однос 5-1. Таквата сол може да биде ставена на земја, камен или на штици. На вакви места дивечот буквално прави дупка во земјата обидувајќи се да ги задоволи своите потреби за сол.

Солиштата е најдобро да се поставуваат до хранилиштата, поилата и до местата каде што обично поминува дивечот.

Овие места се одбираат за дивечот полесно да ги пронајдат солиштата, бидејќи дивечот ги запомнува локациите, па кога еднаш ќе го пронајде солиштето, потоа редовно се враќа кај него. Како додаток на солта може да се додаде и анасон, чиј мирис го намамува дивечот и тој полесно ја пронаоѓа. Тука да се напомене дека камената сол е најдобра за дивечот, додека готварската сол треба да се избегнува.

Солта на дивечот не треба да му се дава во текот на зимските месеци.

Ова е потребно да се знае, бидејќи солта ја зголемува жедта кај дивечот, па тој пие ладна вода што може да предизвика проблеми со дигестивниот систем и заболување на дивечот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page