Дива свиња уби неготински ловџија

Дека ловот на диви свињи исклучително опасен, најнов доказ е несреќата при лов што се случи на 28.11.2021 година во неготинско. 50-годишен ловџија од неготинското село Долни Дисан починал откако го нападнала дива свиња кон која пукал, но не ја погодил, потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи.

Според ловците присутни на лице место негов другар раскажувал дека несреќниот ловец пукал во дивата свиња но ја промашил, а потоа вепарот го удрил ловецот. Од јачината на ударот несреќникот ловџија одлетал во воздух, удрил во карпа и останал на лице место мртов.

– Во СВР Велес е пријавено дека околу 8 часот во близина на селото Вешје-Неготино, при лов на диви свињи, Т.Т. (1971) од село Долни Дисан, испукал еден куршум кон дива свиња, но не успеал да ја погоди, пo што таа го нападнала нанесувајќи му повреди, по што тој починал на лице место, велат од МВР.

На местото на настанот извршен е увид од страна на полицијата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page