Да нема продолжување на ловната сезона по 31. јануари

 

Ловечката Федерација на Македонија Ве информираме дека според Законот за Ловство ловната сезона за лов на дива свиња е до 31-ви јануари,што значи дека ловната сезона е завршена.

За  нејзино продолжување надлежно е Министерството за земјоделие,шумарство и водостопанство,кое до сега нема донесено такво решение.

Исто така,нема решение со кое за отстрелана дива свиња ќе се исплаќа по 3000 денари. Официјалниот став на Ловечката Федерација на Македонија е да нема продолжување на ловната сезона после 31-ви јануари,бидејќи според ловечката етика и морал,неможеме да дозволиме да се отстрелуваат бремени диви свињи и да се вознемирува останатиот дивеч во репродуктивен период.

Ловечка Федерација на Македонија

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page