Чистење и подмачкување на ловечкото оружје

 

Ако ловџијата на крајот на ловната сезона пушката која ја корител ја остави неисчистена и подмачкана, тогаш постои голема можност веќе следната сезона кај неа да се појави некој дефект

 

По правило, ловџиската пушка би требало да се чисти и подмачкува после секоја нејзина употреба. Меѓутоа и прекумерното чистење и подмачкување може да предизвика појава на дефект на некои од нејзините делови. Затоа можеби најдобро е целосно чистење на пушката да се практикува веднаш по завршувањето на ловната сезона. На тој начин се најдобро се заштитува ловечкото оружје и се оневозможува појава на можни дефекти на пушката.

Ако ловџијата на крајот на ловната сезона пушката која ја корител ја остави неисчистена и подмачкана, тогаш постои голема можност веќе следната сезона кај неа да се појави некој дефект. Сепак, треба да се води сметка и за т.н. делумно чистење и подмачкување на пушката. Делумно чистење и подмачкување се практикува после секоја нејзина употреба.

Тоа не значи дека пушката за да се исчисти и подмачка треба целосно да се расклопи, туку пред сѐ се мисли на обично премачкување со масло, бидејќи барутните гасови можат да предизвикаат корозивни процеси на нејзината цевка.За оваа цел важно е да се употребува квалитетно масло за подмачкување, но ако ловџијата не може да набави некое квалитетно масло, тогаш доволно е да се премачка и со обично моторно масло. Треба да се има во предвид дека сите масла за подмачкување што не содржат прав се сметаат за добри, а нивната густината го утврдува рокот на заштита.

Ловџиските пушки и при самиот процес на производство на нивните делови тие се заштитуваат од влијанието на надворешната средина, како на пример влагата. Но без разлика на сѐ, ова не го исклучува фактот дека редовното и правилно одржување на ловечката пушката е многу важно, за да се одржи нејзиниот квалитет и исправност, а со тоа да се продолжил векот на нејзината употреба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page