Чисто ловиште = Чиста природа

 

Отпадот околу патиштата, на бреговите на реките и потоците, во шумите, црпи и негово постојано собирање во црните депонии. Ловочуварите кои се грижат за природата и дивечот секоја година се среќаваат со овие проблеми.

 

Во ЕУ постојат разни фондови со кои се финансираат разни проекти поврзани со заштитата на животната средина. И додека кај нас ловџиите се етикетираат како уништувачи, во ЕУ тие се битна карика во напорите за заштитата на природата.

Согледувајќи ги можностите моќните ловечки федерации од ЕУ аплицирааат и добиваат разни проекти, до кои поради масовните членства имаат лесен пристап. Ловечката комора на Словачка во соработка со ТВ Халали пред три години аплицираше и доби проект под наслов „ Чисто ловиште = чиста природа“.

 

Чисто ловиште = чиста природа

Комисијата за лов и животна средина при Ловечката комора на Словачка, во соработка со ТВ Халали, пред 3 години го доби проектот насловен „Чисто ловиште = чиста природа“. Но, ловџиите во Словачка не го собираат отпадот само во измитатите три години по отпочнувањето на овој проект. Оваа активност ловџиите веќе неколку децении постојано ја вршат на сопствен трошок, по свое убедување и со цел да ја исчистат природата од непотребниот еколошки штетен отпад.

Чисто ловиште Чиста природа

 

Ловџиите успеаја да соберат 250 тони отпад

Во 2019 година ловџиите вклучени во проектот успеаја да соберат 250 тони отпад.

Ловџиите организираат, особено напролет по повод Денот на планетата Земја, масовни настани во соработка со општините, луѓето од селата, основните и средните училишта, пожарникарите. Во 2020 година, обележана со коронавирус и забрана за организирање на вакви настани, ловџиите главно организираа поединечни бригади во нивните ловишта, при што успеаја да уредат и исчистат поголема површина.

Cisto loviste

Тие собраа повеќе од 120 тони отпад, кој главно се состоеше од пластика, лименки, стакло, електрични апарати, текстил и фрлен градежен отпад. Во нивниотт предизвик минатата одина учествувалет околу 30 ловечки организации и многу поединци. Веќе преку 50 се приклучија годинава, поради што тие очекуваат да се собере уште повеќе отпад отколку во претходните две години.

 

Извор: biodiversitymanifesto.com

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page