Босански оштровлакнест гонич – Барак

 

Баракот спаѓа во групата на гоничи. Заедничка особина на сите кучиња од оваа група е да го гонат дивечот и доколку е тоа потребно да го спречат во понатамошниот бег, како би му овозможиле прилика на ловецот да гозастрела. За кучињата кои што го гонат дивечот “стенкајќи“, во нашите краишта бил одомаќено името “бракарци“, според германскиот и холандскиот назив Bracke. На сите останати јазици се нарекуваат со анлогното име: француски – braque, италијански – bracco, т.е. птичар.

 

Босански оштровлакнест гонич – Барак

 

Земја на потекло: Босна и Херцеговина

Употреба: Одличен гонич, упорен и отпорен со звучен глас, понекогаш и со длабок тон на гласот.

FCI Стандард: 155 / 15/01/1973

FCI Класификација:

  • Група: 6 – Гоничи и сродни раси
  • Секција: 1 – Гоничи
  • Подсекција: 1,2 – Кучиња со средна големина
  • Со работен испит

 

Општ изглед:

Робусно куче; влакната му се долги и разбушавена; главата му е долга и средно широка; веѓите му се нагласени и чупави; има силно и мускулесто тело. Со сериозен изглед, строг но заитересиран за игра. Гледано од профил, има нагласено испапчувањето зад главата. Челото му е лесно конвексно, носниот мост му е рамен. Има силна муцка со провокативен облик, покриена со густа брада и со бркови. Гледано одозгора главата му е со средна големина со стеснување према носот. Муцката му е нешто поголема од черепот. Вкупната должина на главата изнесува 20-25 см. Забите му се силни, комплетни со нормален загриз.

Линијата на грбот лесно му е навалена кон задницата. Опашот го носи малку заоблено према нагоре. Очите му се големи, овални, костанливо-кафејави, интелигентни и со играчки дојам. Светлите очи се елиминирачки фактор. Шепите со мачји изглед се со добро изразени јастучиња и со цврсти и темни канџи. Основната боја може да му биде пченично-жолта, црвенкасто-жолта, земјастожсива или црнкаста.белините често му се наоѓаат на главата (звездичка или флека на главата), под вратот, под грлото, на градите и под нив, на долните делови на нозете и на врвот на опашката.

Можни се комбинации на две или три бои. Сите други бои или комбинации на бои се елиминирачки фактор. Влакното му е тврдо, оштро, разбушавено заедно со подвлакното.

Должината за мажјаците изнесува од 46 до 56 см или идеално 52 см, додека женките се нешто помали. Тежината на мажјакот изнесува од 16 до 24 кг или идеално 20 кг.

Висината на гребенот би требало да му биде некаде околу 45 до 56 см. Телото би требало да му биде речиси четвртасто, мускулаво и со добри коски. Босанските бараци имаат шитока глава со рамен и триаголнест череп, уши кои не се премногу долги, кои висат близу до главата и кои немаат нукакви превои. Влакното треба да му биде оштро со густо подвлакно и со бушав изглед.

 

Карактеристики:

Славниот предок на гоничите е кучето на св.Хуберт, куче со кое Хуберт ловел во седмиот век. Оваа раса ја одгледувале босанските бегови. Била позната и опишана во европската кинолошка литература веќе кон крајот на 19 век. Многу е ценето и со “ustaljenog“ одгледување.

Покрај тоа, се смета дека името “Барак“ потекнува од турскиот збор “барак“, што во превод значи кострушав или островлакнесто куче (ker). Самото име куче (ker), во превод од турски јазик значи куче кои се огласува кога го гони дивечот – гонич.

Босански барак

Суровите босанскохерцеговски планини се дом на низа на диви животни, како што се зајците, лисиците и дивите свињи. Ловците во желба да создадат успешен гонич, ја создале оваа раса во деветнаесетиот век. Неговато отпорно и остро влакно му овозможува изолација и заштите против суровата клима. Босанскиот островлакнест гонич е жилаво, храбро, живо и упорно куче. Има типични карактеристики на еден гонич, а со својот длабик глас исто така е и добар чувар. Добро се однесува кон децата и кон останатите кучиња. Им се радува на активностите, со задоволство спие надвор и ретко каснува.

Порано бил познат како Илирски гонич, а расата му е признаена во 1965 година под името Босански островлакнест гонич – барак.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You cannot copy content of this page